Во Хотел Шумски Фенери ве очекува сместување исполнето со удобност, мир и топлина. Располагаме со еднокреветни, двокреветни и трокреветни соби, како и со пространи апартмани идеални за семејства или гости кои сакаат дополнителен комфор.
Сите соби и апартмани се опремени со:
-сопствено купатило
-клима уред
-телевизор
-бесплатен Wi-Fi
Дизајнот комбинира модерни удобности и пријатна домашна атмосфера, а чистотата и деталите се секогаш на прво место.
Без разлика дали патувате самостојно, со семејство или во група, кај нас ќе најдете совршено сместување за вашите потреби.